Тренерот на лондонски Тотенхем, Антонио Конте, во пресрет на натпреварот од 5. коло од англиската Премиер лига со Вест Хем, ја коментираше играта на крилниот напаѓач на неговата екипа , Сон Хеунг-Мин, кој имаше само една асистенција во последните четири натпревари.
„Можеби во овој момент многу страда затоа што не постигнува гол. Но, тој мора да продолжи и да си верува, бидејќи на секој натпревар има можност, шанса за гол и во тие моменти мора да биде смирен. Знам дека Сони е навистина паметен играч. Тој е навистина интелигентна и прекрасна личност, навистина убаво момче. Ако ми треба пример, ако треба да најдам сопруг за ќерка ми, би сакал тој да биде маж како него“, изјави Конте во интервју за БТ Спорт.