Денеска во Талин стартува еден од неколкуте турнири во европската зона на ФИБА во рамките на олимписките претквалификации на кои учестува и кошаркарската репрезентација на Македонија.
Во премиерниот меч во Естонија, попладнево од 18 часот избраниците на селекторот Јончевски за прва пречка ќе ја имаат селекцијата на Израел. Македонија за овој циклус останува без нашиот најдобар кошаркар, Димитријевиќ кој е повреден. Со неколку помлади кошаркари, ќе се обидеме да направиме изненадување.
Покрај дуелот Македонија – Израел, денеска на турнирот во Талин играат и домаќинот Естонија и селекцијата на Чешка.