Македонската кошаркарска репрезентација претрпе уште еден убедлив пораз на претквалификацискиот турнир во Талин за пласман на ЛОИ во Париз 2024 година. По вчерашниот пораз од Израел, избраниците на селекторот Јончевски денеска претрпеа нов пораз, исто така убедлив од домашната селекција Естонија со 83:59.
Домаќинот на турнирот доминираше уште од првата минута на паркетот и со фуриозен настап во првите 10 минути, стави точка на неизвесноста на дуелот. Ние до крајот не успеавме да се вратиме во игра, додека Естонците рутински успеаја да го приведат мечот до убедлив триумф.
Најдобар поентер кај нас денеска беше Војдан Стојановски со 12 поени, додека Шортс постигна 11.