Играчот за врска на европскиот шампион Баерн Минхен, Серж Гнабри е позитивен на коронавирус. Анализата покажа дека играчот бил заразен со Ковид-19 и веднаш е ставен во изолација.
Вечерва баварците го пречекуваат Атлетико Мадрид во натпревар од првото коло во групната фаза од Лигата на шампионите, но 25-годишниот Гнабри кој одигра 4 натпревари за Баерн во германското првенство и постигна 3 гола не ќе може да му помогне на тимот.