Австриецот Штефан Крафт победи на денешните ски скокови во Сапоро. Тој славеше откако собра 263 поени со скокови од 129 и 139 метри.
Второто место го зазеде Јапонецот Рјоју Кобајаши (262,6), додека трет беше Германецот Андреас Велингер (256,9). За Крафт ова е деветта победа сезонава и 39-та во Светскиот куп во кариерата и остана прв во поредокот годинава.