Денеска ќе се одигра реванш натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и РБ Лајпциг. Во првата средба Шпанците победија минимално во Германија со 1:0.
„Белите“ не паметат кога загубиле на домашен терен во елитата на Европа. Згора на тоа играат во фантастична форма и според сите параматери треба да поминат во наредната фаза на елиминации.
За Реал треба да започнат: Лунин, Карвахал, Чуамени, Рудигер, Менди, Валверде, Крос, Камвинг, Белингем, Винициус и Родриго. За Лајпциг од првата минута треба да истрчаат: Гулашчи, Хајнрих, Лукеба, Орбан, Раум, Олмо, Хаидара, Шлагер, Симонс, Опенда и Шешко. Мечот на Сантијаго Бернабе ќе го суди Давиде Маса од Италија.