Легендата на светскиот фудбал, Бразилецот Пеле е во многу лоша состојба. Неговиот син Едино ги потврди гласините за лошата здраствена состојба на неговиот татко.
„Кралот на фудбалот“ се подложи на операција на колкот и потоа падна во депресија.
„Тој е во депресија и веќе не сака ни да излезе. Во пракса, тој никогаш не ја напушта куќата. Постојат проблеми со движењето кои го доведоа до депресија. Татко ми отсекогаш бил импресивна фигура и денес не може да оди како што треба. Но, ова се проблеми кои траат долго време. Тој не може правилно да оди, се движи со помагала. Сега е малку подобро, но не е подготвен да ја напушти куќата“, рече синот на легендата на светскиот фудбал.