Поранешниот руски селектор во скијање, Маркус Крамер , сега ќе ја имаа таа улога во националниот тим на Италија.
-Ќе бидам селектор на италијанскиот тим во следните четири години“, изјави Крамер за „Спорт експрес“. Специјалистот беше дел од штабот на рускиот тим за скијање во крос-кантри од септември 2015 до февруари 2022 година.
Според Фондо Италија, во групата на Крамер се: Франческо де Фабијани, Паоло Вентура, Федерико Пелегрино, Џандоменико Салвадори, Лусија Скардони, Давиде Грац, Ана Комарела, Грета Лоран и Катерина Ганц.