Дистрија Красниќи му донесе голема радост на Косово откако во џудо го освои златниот медал во категоријата до 48 килограми.
Таа во финалето успеа да ја победи Јапонката, Фуку Тонаки, со минимални 1-0.
Красниќи со денешниот успех стана неприкосновена шампионка бидејќи ги обедини титулите од олимписките, светските и европските шампионати.