Норвежанецот Хенрик Кристоферсен е победник на денешниот слалом кој се возеше во Валд’Изер во рамките на Светскиот куп. Тој за 52 стотинки го победи сонародникот Мекграт.
Лидерот по првата трка Стивен Амиез се повлече од втората трка. Клемент Ноел, кој беше најдобар во Леви и Гургл, а денеска пред своите домашни навивачи во Вал д’Изер ќе ја бркаше својата трета победа, го откажа настапот поради непријатен пад.
Третото место на крајот му припадна на Швајцарецот Мајлард.