Германскиот фудбалски репрезентативец во редовите на Реал Мадрид, Тони Крос, заработил потешка повреда на мечот со Реал Сосиедат одигран во неделата на стадионот – „Сантијаго Бернабе“, објавија медиумите во Шпанија.
29-годишниот играч од средниот ред бил на детални лекарски прегледи кои покажале дека има посериозна повреда на мускулот на левата нога и дека ќе мора да паузира подолг период.
Тој нема да игра против Леганес во Купот на Шпанија како и на средбите против Бетис, Севилја и Еспањол во Примера Дивизион.