Новиот тренер на фудбалерите на Барселона, Роналд Куман, побарал од челниците на тимот да го купат играчот на Ливерпул, Мохамед Салах, објавија дел од медиумите.
Каталонскиот весник -,„Мундо депортиво“, пишува дека холандскиот стратег е подготвен дури да направи и евентуална трампа на фудбалери само да го добие мароканскиот репрезентативец.
Последен рок за трансфери е 5. октомври.