Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа ги коментираше информациите за можниот трансфер во редовите на неговиот тим на напаѓачот ПСЖ Килиан Мбапе.
„Не знам дали Мбапе ќе дојде кај нас. Знам само она што е напишано во медиумите. Играчите како него секогаш ќе бидат добредојдени во Реал Мадрид. Што се однесува до Азар, неговото доаѓање е важен чекор во квалитетот за Реал. Еден е мирен и добар човек, често знае да се насмее. Тој е оној кој постојано сака да победува. Мислам дека тој многу добро ќе се вклопи со играчите од тимот”, изјави Тибо Куртоа.
Минатата сезона, 20-годишниот Мбапе учествуваше на 29 натпревари во француското првенство, а постигна 33 гола и имаше 9 асистенции.
Претходно беше објавено дека Реал нема да преговара со Мбапе во летниот трансфер период и дека Кралскиот клуб го одложил трансферот на Французинот до 2020 година.