Голманот на шпанскиот шампион, Реал Мадрид, Тибо Куртоа, нема повредиа и тренира заедно со остатокот од тимот, објавија шпанските медиуми. Куртоа го напушти таборот на белгиската репрезентација во четвртокот поради сомневања за повреда.
Се покажа дека болките биле привремени и Куртоа не треба да има проблем да игра против Кадиз во сабота. Тренерот на тимот Зинедин Зидан ќе се консултира со лекарите и ќе одлучи дали да се потпре на својот прв голман, кој е во одлична форма.