Филипе Кутињо е пред вратите на „Алијанц Арена“ во Минхен. Директорот на Каталонците, Гиљермо Амор, вчера изјави дека клубот постигнал принципиелен договор со Баерн Минхен, а поранешниот играч на Ливерпул ќе замине на позајмица во Германија со право на откуп.
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде откри дека офанзивниот играч од средниот ред самиот посакал да игра за Баерн Минхен оваа сезона. Како што е познато, вчера „кариоката“ изненадувачки не беше во тимот за гостувањето кај Атлетик (Б), со што смо стана јасно дека Бразилецот си оди од Барселона.
Како што е познато, Кутињо беше купен во јануари 2018 година од Ливерпул за 120 милиони евра без бонуси.