Во интервјуто за „Дејли меил“, младиот напаѓач на Вулверхемптон, Кутроне, призна дека не сакал да си замине од Милан, но едноставно немал решение, затоа што „росонерите3 не сметале на него.
„Во одреден момент, луѓето во клубот ме ставија во позиција што морав да кажам: ок, ќе си одам… Сега не знам како да објаснам што навистина се случи, но по сите разговори, донесов одлука и не се каам“, вели Кутроне.
За предизвикот во Премиер лигата вели:
„Бев свесен за интересот на Волфс и штом работите станаа конкретни, не се сомневав. Мора да донесувате одлуки во животот, иако не беше лесно, особено затоа што имав одлични односи со сите соиграчи на Милан, како и со самите навивачи”, додаде тој.
Милан заработи околу 20 милиони евра од продажбата на овој 21-годишен напаѓач, кој за себе вели дека засекогаш останува „миланиста“.