Џеред Вандербилт сè уште не е подготвен да се врати во составот на ЛА Лејкерс иако сезоната само што не почнала.
Лејкерси се задоволни од напредокот на напаѓачот, но тој ќе пропушти уште најмалку две недели. Тоа значи дека тој нема да игра на стартот од новата сезона во НБА лигата.
25-годишниот напаѓач на Лејкерси не е на теренот од 1 февруари поради проблеми со стапалото. Вандербилт минатата сезона на 29 натпревари имаше просек од 5,2 поени, 4,8 скока и 1,2 украдени топки за 20 минути во просек поминати на теренот.