Италијанскиот Лацио кој игра топло-студено ќе му биде домаќни на Баерн Минхен кој според многумина добри познавачи на фудбалот влегува во Топ 3 за освојување на пехарот во Лигата на шампионите.
Баерн забележа неколку победи но, викендов доби голема „шлаканица“ од Баер Леверкузен во дербито на Германија. Тренерот на Баварците, Томас Тухел, вели дека ЛШ е нешто друго и дека неговите избраници се максимално мотивирани за гостувањето во Италија.
Ниту Лацио не е во подобар ритам а главната ѕвезда , Чиро Имобиле, има слаба сезона. Двете екипи играа во осминафиналето на Лигата на шампионите во 2021 година. Тогаш Баерн славеше во Рим со убедливи 4:1 а во Баварија победи со 2:1.