Напаѓачот на лондонски Арсенал, Александре Лаказет, размислува да го напушти клубот, објавија некои англиски весници. Дури и француските извори ја потврдија информацијата, откако францускиот фудбалер ја загуби довербата кај новиот тренер Емери.
Малку е веројатно дека Арсенал ќе се согласи да го пушти 27-годишниот напаѓач ова лето, бидејќи трансфер периодот во Англија е веќе затворен, а лондончани едноставно нема да можат да купат замена за Лаказет.
Французинот се пресели во Арсенал од Лион летото 2017 година за 53 милиони евра.