Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Н’Голо Канте, кој беше повреден за време на дербито со Манчестер Јунајтед одиграно во понеделникот, ќе биде надвор од теренот околу три недели.
Тоа го откри менаџерот на тимот, Франк Лампард, пред утрешното дерби со Тотенхем. Добра вест за „сините“ е дека голманот, Абрахам, е опоравен и ќе му биде на располагање на младиот тренер.
„Н’Голо не е подготвен. Тој има повреда на мускулите слична на таа што ја доби неодамна против Арсенал. Се надевам дека ќе се врати за околу три недели. Кристијан Пулишиќ исто така не е подготвен. Немаме датум за негово враќање. Тами Абрахам тренира последниве два дена“ – рече Лампард.