Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами е победничка на спуст трката која денес се одржа на патеката во Кранс Монтана во рамките на Светскиот Куп.
На Лара Гут-Бехрами и беше потребно 1:19,11 за да ја помина патеката и беше побрза од конкуренцијата, а со тоа ја зголеми предноста пред Микаела Шифрин во поредокот.
Во моментов Швајцарката има 105 поени предност пред Микаела Шифрин во генералниот поредок во Светскиот куп.
Што се однесува до пласманот на денешната спуст трката во Кранс Монтана, на второто место се пласираше Корнелија Хутер, која имаше време (1:19,32) и тоа исто време со третопласираната Јасмин Флури.
Светскиот Куп кај дамите продолжува викендов со уште две трки.