Канадскиот возач во болидот на Вилијамс, Николас Латифи, за првпат јавно проговори по по трката за ГН на Абу Даби во Формула 1. По несреќата на Латифи, која индиректно се одрази на исходот на шампионатот, дел од навивачите на Луис Хамилтон го нападнаа со навреди, па дури и смртни закани.
„Ситуацијата што настана по моето заминување во Абу Даби имаше многу последици. Добив илјадници пораки на моите профили на социјалните мрежи – јавни и приватни. Повеќето од нив дадоа поддршка, но имаше многу омраза и навреди. Омразата, навредите и заканите што следеа на социјалните мрежи не ми беа изненадување, бидејќи ова е само суровата реалност на светот во кој сега живееме. Она што ме шокираше беше екстремниот тон на омраза и навреда, па дури и смртни закани што ги добив“, вели Латифи.