Сантос ќе го повлече дресот со бројот 10 кој го носеше Пеле. Легендата на фудбалот почина во четвртокот на 82- годишна возраст.
„Му гo предложиме тоа на Управниот одбор. Времено ќе го укинеме користењето на бројот 10” – изјави првиот човек на клубот, Андре Руеда.
Медиумите во Бразил објавија дека семејството на „кралот на фудбалот“ го побарало тоа.