Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше најбрз во квалификациите за ГН на САД, и на утрешната трка во Остин ќе тргне од пол-позицијата.
Со освојувањето на пол-позицијата, Леклер стана рекордер во Формула 1, тој по 21-ви пат ќе стартува од првото место на една трка, што е највеќе во историјата за еден возач кој не бил светски шампион.
Второто место во квалификациите му припадна на Ландо Норис, додека од вториот стартен ред на утрешната трка ќе стартуваат Луис Хамилтон и Карлос Саинц. Џорџ Расел го освои петтото место, додека шампионот Макс Ферстапен беше шести во квалификациите.
Макс Верстапен веќе ја обезбеди својата трета шампионска титула и сега вози за зголемување на рекордите и за своите симпатизери.