Ѕвездата на Формула 1 од Ферари, Шарл Леклер, беше меѓу гостите на 91-то издание на 24 часа Ле Ман. Скудерија се врати на трките по пауза од 50 години и ја оствраи првата победа на Ле Ман од 1965 година.
„Триумфот на Ферари по толку години е нешто многу посебно. Тоа се случи на трка со која се одбележува 100 години од почетокот“ – вели Леклер.
Тој не крие дека во иднина би можел да се натпреварува во трките на издржливост.