Напаѓачот на полската репрезентација Роберт Левандовски ги сподели своите очекувања пред натпреварот од 1/8 финалето на Светското првенство со француската селекција. Натпреварот ќе се одигра во недела на 4 декември во 16:00 часот.
„Франција е фаворит. Треба да се подобриме ако сакаме да им создадеме проблеми, особено да понудиме повеќе можности во нападот. Имаат одличен тим, но нивниот натпревар со Тунис покажа дека се е можно (Франција загуби со резултат 0:1) . Ова е голем предизвик за нас. Знаеме какви играчи имаат, но мора да ја искористиме шансата, да се обидеме да дадеме се од себе, да се бориме. Знаеме дека Франција е актуелен светски шампион, а можеби ќе може да освои уште една титула. Така што ова ќе биде голем предизвик за нас. Ќе мора да играме подобро отколку со Аргентина“, изјави Левандовски.