Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа има напредок од 3 позиции на најново објавената ВТА ранг листа и сега таа е на 239 место со 312 освоени поени.
Македонската тенисерка овој скок го направи благодарение на добриот настап на тенискиот турнир во Анталија. Ѓорческа оваа недела ја очекува уште еден настап на ИТФ фјучрс во Анталија, а со уште еден добар натсап ќе може да собере дополнителни поени за нов напредок на ВТА листата.
Напредок од пет места има и Магдалена Стоилковска таа со 9 поени се наоѓа на 1211.то место.