Арсенал е се уште многу далеку од потребната сума која Лион ја бара за Хусеин Ауар, изјави претседателот на Лион Жан-Мишел Ола. Вчера во канцеларијата на Лион стигнала новата понуда на „топчиите“, но и таа не ги задоволува барањата на Французите.
Според информациите, „топчиите“ понудиле 30 милиони фунти за играчот од средниот ред, но Лион нема намера да го продаде 22-годишниот играч за врска за таа сума.