Лион е најголемиот губитник по одлуката на Француската федерација за прекин на сезоната и прогласување на ПСЖ за нов шампион.
Лион е на 7. место на табелата во Франција и со тоа го загуби правото за настап во Европа, иако е во осминафиналето на Лигата на шампионите и го победи Јувентус во првиот натпревар.
Сега Лион е решен правдата да ја бара на суд, па најави дека ќе ја тужи Фудбалската федерација на Франција бидејќи му е ускратена можноста да се бори до крај за пласман во европските купови. Тужби за Федерацијата најавија и тимовите кои по неполна сезона мора да ја напуштат елитата.