Искусниот италијански стратег, Марчело Липи верува дека Интер е единствениот тим кој може да ја направи Серија А „поинтересна“, но сепак очекува Маурицио Сари да го одведе Јувентус до нова титула.
Јуве и Интер и во саботата ги освоија бодовите против Аталанта и Торино и останаа раздвоени со само еден бод по 13 одиграни натпревари.
Липи, кој беше тренер и на двата тима, сепак, му дава предност на Јуве во однос на Интер.
„Во август мислев дека три екипи ќе бидат вклучени во трката за титулата, но Наполи заостана и ќе им биде тешко да се вратат. Анчелоти е многу добар тренер; Можам да ви гарантирам дека тој ќе го подобри составот на Наполи, но, дури и ако го мине овој тежок период, јазот сега е веќе преголем“, смета Липи.