Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, најверојатно, ќе го пропушти натпреварот од 38. коло во Премиер лигата против Брајтон. Средбата на Анфилд е во недела во 17 часот.
Според „Ливерпул Ехо“, Сенегалецот го пропуштил последниот тренинг оваа недела поради повреда заработена на мечот со Челзи. Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, изјави дека се уште не знае дали Мане може да го одигра клучниот меч со Брајтон од кој зависи пласманот во Лигата на шампионите.