Раководството на Ливерпул објави дека има намера да го продолжи договорот со него младиот дефанзивец Гомез. Според пишувањата, условите на новиот договор предвидуваат зголемување на платата на 21-годишниот фудбалер на нивото на неговите партнери во стартниот состав на „црвените“.
Гомез се пресели во Ливерпул летото 2015 година од Чарлтон. Оваа сезона, дефанзивецот го зазеде местото во главниот состав заедно со Вирџил ван Дајк.
Во првите четири круга Ливерпул има максимален ефект со 12 освоени бодови и само еден примен гол. Гомез досега ги одигра сите натпревари за „црвените“.