Ливерпул е подготвен да го собори клупскиот рекорд и да извади 85 милиони фунти веќе во јануари за напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле, тврдат англиските весници.
Менаџерот на “црвените”, Јирген Клоп сака да му подаде рака на младиот француски репрезентативец и да го донесе во Премиер лигата. Во моментов Дембеле е во конфликт со својот тренер во Барса, Ернесто Валверде, поради честите доцнења на тренинзите и состаноците, па голема е веројатноста за него се помалку да има простор на натпреварите на тимот. Критики за неговото однесување даде и селекторот на Франција, Дешамп.