Откако го доведе Тиаго Алкантара, Ливерпул е близу до нов трансфер откако се договори со Вулверхемптон за купување на напаѓачот Диого Жота.
Двата клуба се договорија за договор вреден 45 милиони фунти, а 23-годишниот Португалец се очекува да ги помине медицинските тестови и трансферот да биде комплетиран денеска.
Веројатно трансферот на дефанзивецот на „црвените“ Ки-Јана Хувер во редовите на Вулвс ќе помогне за неговата реализација, бидејќи тие ќе платат 10 милиони фунти за младиот фудбалер.