Финалистот во Лигата на Шампионите за минатиот сезона Ливерпул продолжува да бара нов голман, но изборот може да биде далеку изненадувачки, според информациите објавени денес во весникот „Сан“.
Репрезентативниот голман на Англија Ник Поуп може да биде решение на проблемите на Јирген Клоп на голманската позиција. Симон Мињоле започна како стартер минатата сезона, но постепено ја загуби битката со Луис Кариус кој пак ги разочара челниците и фанови на финалето против Реал Мадрид, кога прими два гола по две сериозни грешки кои хи чинеа и трофеј.
Во текот на изминатите неколку недели, имаше голема полемика во врска со можноста да биде ангажиран некој од Алисон од Рома или Јан Облак од Атлетико Мадрид. Но, цената на Бразилецот е над 60 милиони фунти, додека словенечкиот голман има клаузула од 100 милиони евра. Ова е причината за Ливерпул да се се сврти кон Поуп, за кого сакаат да платат само околу 15 милиони фунти.
Од Барнли, кој ќе игра во Европа,не се многу склони да се разделат со голманот кој одигра силна сезона откако доби шанса по повредата на Том Хејтон. 26-годишниот голман е „дете“ на Чарлтон и е во сопственост на Барнли од 2016 година. Интересен детал е дебито, бидејќи за прв пат Поуп дебитираше во Премиерлигата токму на „Енфилд” при нерешените 1:1 против Ливерпул.