Англискиот фудбалски состав Тотенхем може да испрати понуда за францускиот играч за врска на Рома, Џордан Верату.
Во истата, покрај одредена сума на пари, може да биде вклучени и Ндомбеле, тврди – „Тутоспорт“. Тој од почетокот на сезоната одигра само 9 меча за лондончани во Премиер лигата. Тотенхем го купи Французинот од Лион за 60 милиони евра во 2019 година.
Во исто време, на новиот менаџер на „мамузите“, Антонио Конте и спортскиот директор, Фабио Паратичи, им се допаѓаат квалитетите на Верету.