Кошаркарите на Денвер славеа против Голден Стејт со 130:127, откако српскиот центар Никола Јокиќ постигна тројка од скоро половина терен во последните моменти од играта.
Тековниот шампион во НБА лигата влезе со минус 18 поени во последниот дел, но успеа да го надомести дефицитот. На 26 секунди до крајот при резултат 127:127, Стивен Кари ја загуби топката, а во последниот напад, Јокиќ постигна фантастична тројка за победа на Денвер.
Јокиќ го заврши натпреварот со 34 поени, 10 асистенции и девет скока, Арон Гордон постигна 30 поени, а Џамал Мареј имаше 25 поени и шест асистенции.
Кошаркарите на Милвоки го победија Сан Антонио со 125:121. Бакс ги предводеше Јанис Адетокунбо со 44 поени, 14 скокови и седум асистенции. Демиен Лилард постигна 25 поени и имаше 10 асистенции.
JOKIC CALLS GAME FROM NEAR HALF-COURT 🤯🤯
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 5, 2024
WILD ENDING. pic.twitter.com/JGI5PtmeVm