Во 2023 година, гумите на Пирели поминаа вкупно 307.925 километри на 22 трки во Формула 1.
Беа искористени 6.847 комплети гуми а возачите реализираа 60.473 кругови. Огромен дел од круговите беа поминати со гуми за сув асфалт.
Вкупно 3.800 километри беа поминати со прототип на пневматици кои беа користени на петочните тренинзи во Шпанија, Јапонија и Мексико.