Англискиот дефанзивец Лук Шо е во добра состојба по тешкиот судир кој го имаше на вчерашниот меч со Шпанија, по што предвреме мораше да ја напушти играта.
Портпаролот на ФА даде официјална изјава со која потврдува дека дефанзивецот е веќе во добра состојба, но ќе остане под надзор.
„Лук Шо ги мина прегледите на скенер и останува под грижа на двајца членови на медицинскиот персонал. Тој ќе остане под надзор и останува да видиме какви ќе бидат резултатите од останатите прегледи“, велат од Федерацијата.