Во натпреварот од 22-то коло на италијанскиот шампионат Удинезе на стадионот „Дачиа Арена“ беше домаќин на Интер.
Средбата заврши со победа од 2:0 за гостите, благодарение на двата гола на 26-годишниот белгиски напаѓач Ромелу Лукаку. Белгиецот стана првиот играч во ерата по воведувањето на системот со три бода во Серија А, кој успеа да постигне 11 или повеќе голови на првите 11 гостински натпревари од првенството.
На последните осум натпревари, Лукаку постигна четири пати по два гола. Вкупно има 16 постигнати голови во Серија А, тој е трет стрелец во првенството, зад напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо кој има 19 и лидерот на голгетерската листа – напаѓачот Лацио Чиро Имобиле кој има постигнато 25 гола.
Интер со 51 бод е на второто место зад Јувентус кој има 54, а два повеќе од Лацио кој има натпревар помалку од Интер. Во следното коло, Интер го игра големото дерби на Милано со Милан, кој го зазема осмото место во Серија А.