Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку го израмни рекордот на бразилската легенда Роналдо за најмногу постигнати голови по првите 11 кола во италијанската Серија А.
Белгиецот постигна два гола за својата екипа за пресврт на гостувањето во Болоња и веќе има 9 постигнати гола. Рекордот на Роналдо беше поставен во текот на сезоната 1997/98, но минатата сабота Лукаку го израмни по прецизно изведениот пенал во 91. минута.
Таа сезона Бразилецот заврши со 25 гола во првенството и 34 во сите натпреварувања, а Интер заврши на второто место зад шампионот Јувентус.
Оваа сезона, Интер има само еден пораз во шампионатот и се бод зад лидерот Јувентус. Интер е единствената екипа од најдобрите 5 Европски првенства со 100% победи како гостин – шест успеси од шест натпревари.