Напаѓачот на лондонскиот Челзи, Ромелу Лукаку не е задоволен од времето во игра под водство на менаџерот Томас Тухел и размислува да го напушти тимот, објавуваат медиумите на Островот.
Според истите, за трансферот на 28-годишниот Белгиец би можел да размислува и италијански Милан, а се јави и евентуално враќање на Лукаку во Интер. Сепак, Лукаку би сакал најмногу да остане во Челзи, но сака да ја има довербата од стручниот штаб.
Лукаку игра за Челзи од август 2021 година, каде се пресели од Интер за 113 милиони евра. Договорот на играчот со клубот е до 30 јуни 2026 година. Играчот има пазарна вредност од 85 милиони евра. Белгискиот напаѓач оваа сезона има 23 настапи во англиската Премиер лига, постигна пет гола и даде една асистенција.