Германскиот фудбалски клуб РБ Лајпциг ќе биде без повредениот лев бек, Кастело Лукеба, за претстојниот натпревар од Лигата на шампионите против шкотскиот Селтик, соопшти спортскиот директор на тимот, Рувен Шредер.
Фудбалерот мораше да го пропушти вчерашниот тренинг и нема да биде вклучен во тимот .
„ Очекуваме да играат само тие што се 100 проценти фит. Кастело не влегува во таа категорија“ – рече Шредер.