Екипата на Мајорка излесе со осуда на навивач на клубот кој си дозволил расистички гестови кон играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени, на вчерашниот меч одигран во Примера Дивизион.
– На мечот беа направени фотографии од лице кое прави расистички гестови. Мајорка нема да толерира никакви манифестации на расизам и активно e вклучена во сите кампањи за искоренување на ова зло, кое оди подалеку од спортот.
Овој изолиран инцидент нека не ја оцрни почитта и спортскиот дух на Мајорка, се вели во соопштението на клубот на социјалните мрежи.