Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, нема да може да смета на еден од нашите првотимците на претстојните пријателски средби против Азербејџан и Финска.
Од ФФМ објавија информација дека поради повреда на листот на ногата, Александар Трајковски нема да биде во можност да се стави на располагање на тимот за подготовките и натпреварите на македонската А-репрезентација против Финска и Азербејџан.
Стручниот штаб дополнително ќе одлучи дали ќе прати повик до друг фудбалер како замена за повредениот Трајковски.
Македонија ќе биде домакин на Финска на 17 ноември, додека три дена подоцна се игра мечот со Азербејџан.
Собирот на репрезентацијата е закажан за 14 ноември в понеделник во 12:00 часот.