Македонските ракометари со победа го отворија новиот циклус квалификации за пласман на Европското првенство во 2026 кое ќе се одржи во три земји – Данска, Шведска и Норвешка.
Избраниците на селекторот, Кире Лазаров, успеаја да ја совладаат селекцијата на Естонија со 37:33 откако првиот дел заврши нерешено 20:20. На дуелот одигран во СЦ Борис Трајковски, решавачки беа вторите 30-минути во кои нашите ракометари одиграа многу подобро во одбраната и сосема заслужено ги прокнижија првите бодови во групата во која се уште Словенија и Литванија.
Во нашиот состав Серафимов постигна десет голови додека Митев и Кузмановски застанаа на седум. Кај гостите од Естонија се одвои бекот, Карл Тум, со единаесет погодоци. Нашата селекција на 10 ноември ќе гостува кај Литванија.