Муарем Бајрами, тренер на Македонија Ѓорче Петров пред утрешното финале на Купот против Силекс, вели дека неговите фудбалери се подготвени за голема битка.
„Знаеме сите дека не очекува финале против Силекс, натпревар за кој ние од Македонија ЃП сме подготвени бидејќи сосема заслужено сме во финале, ги елиминиравме Академија Пандев, Шкупи, Струга. Јас мислам дека имаме квалитет и верувам дека можеме да го освоиме трофејот“ – вели Бајрами. Капитенот на „лавовите“, Ермедин Адем, очекува пехарот да заврши во Ѓорче.
„Цела сезона се бориме за вакви натпревари и сакаме да ја крунисаме сезоната со Куп трофеј. Ја респектираме екипата на Силекс. Кој и да настапи, ќе го даде максимумот, верувам дека ќе ги израдуваме нашите навивачи и трофејот по долги години да го донесеме во Ѓорче Петров“.