Фудбалската репрезентација на Македонија ja победи Летонија со 1:0 и по пет одиграни натпревари и официјално го обезбеди првото место во групата во Лигата на нациите.
Нашите репрезентативци тешко дојдоа до победата и три бода од оваа средба која се одигра на Националната арена „Тодор Проески“, а клучниот момент се случи во 58.минута кога со голот на Никола Серафимов дојдовме до предност од 1:0 што беа доволни за заверување на лидерската позиција во групата 4. Со оваа победа Македонија влезе во серија која досега и се нема случено, а тоа е да врзе четири натпревари без примен гол.
Македонија тргна со офанзивна формација, но првио проблем беше во 24.минута кога поради повреда играта ја напушти Елмас, а на негово место влезе Ќамили. И покрај неколку обиди кои ги имавме во првото полувреме не успеавме да постигнеме гол. На стартот на второто полувреме многу по офанзивна игра на Макеоднија , а тоа донесе резултат, по изведениот корнер Зајков од првата статив аја префрли топката на втората статива каде ја сочека Серафимов и ја смести во голот на Летонија.
До крајот на натпреварот двајцата селектори направија многу измени , Милевски за да го сочуваме овој резултат, а селекторот на Летонија за да израмнат. Сепак тоа не онесе промена на резултатот и Макеоднија на крај славеше со 1:0.
Македонија дојде на 13 бода во групата, Фарски Острови имаат шест, а Ерменија и Летонија по четири.
Во недела од 15 часот Македонија ќе биде домаќин на Фарски Острови во последниот натпревар од оваа сезона на Лигата на нации.