Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година не успеа да извлече барем бод против фаворизираната Шпанија во квалификациите за ЕП 2021.
„Фуријата“ ги однесе трите бода од Скопје откако во 83 минута Хуго погоди од 11 метри додека нашиот Митревски во 88 минута не успеа да возврати и да реализира пенал. На табелата Шпанија води со 16 бодови пред Израел со осум. Казахстан, Македонија и Црна Гора имаат по седум бодови додека Фарските Oстрови се последни со 3 бода.
Нашите млади фудбалери наредниот меч ќе го одиграат на 8 септември на теренот на „фенерџијата“ во групата.