Со шест спортисти, Македонија заминува на претстојните Олимписките Игри кои од 26 јули до 11 август ќе се одржат во Париз. На денешната прес-конференција во МОК, беше презентирана комплетната делегација која ја сочинуваат Дарио Ивановски (атлетика), Владимир Егоров (Борење до 57 кг, слободен стил), Никола Ѓуретановиќ (пливање/400 метри слободно), Анастасија Мојсовска (стрелаштво/10 метри воздушна пушка), Еди Шерифовски (џудо) и Мила Релиќ (таеквондо).
Покрај спортистите, Македонија на ЛОИ ќе ја претставуваат и судиите
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракомет), Иван Михајловски (триатлон) и Анета Павловска (тенис).
Свој претставник ќе имаме на Параолимписките Игри во Париз, а таму ќе не претставува Оливера Наковска Бикова (стрелаштво).
Знаменосци на свеченото отворање ќе бидат Дарио Ивановски и Мила Рељиќ.